Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите сметаат дека САД ги знае позициите на ИСИЛ, а не ги бомбардира

Русите сметаат дека САД ги знае позициите на ИСИЛ, а не ги бомбардира
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека имаат информации дека САД ги знае конкретните позиции на припадниците на Исламска држава, но не дава наредба за напад, пренесе Руска реч. „Се надевам дека никого нема да измамам ако кажам дека некои наши колеги од земјите кои ја сочинуваат коалицијата велат дека имаат информации за тоа каде конкретно се наоѓаат одредени единици на ИСИЛ, но дека командантот на коалицијата (се разбира, САД) нема да дозволи да се нападнат овие позиции,. Нема да изведувам никакви заклучоци, можат да постојат различни процени, информации и виши причини кои ги поседува командантот и можеби другите го немаат тоа, но до нас стигнуваат такви сигнали“ - изјави министерот Лавров
Слично

Поврзани вести