Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите што го градеа гасоводот должат 1,3 милиони евра за даноци

Русите што го градеа гасоводот должат 1,3 милиони евра за даноци

Сума од 1,3 милиони евра за неплатени данок на добивка и ДДВ должи руската компанија Севергазстројмонтаж, што работеше на изградбата на гасоводната делница во Клечовце. Оваа комппанија се најде на листата на должници што УЈП  месечно ја објавува. При тоа близу 900 илјади евра е долг за неплатен данок  на добивка, додека останатата сума од 380 илајди евра е за неплатен  ДДВ

Севергазстројмонтаж беше подизведувач при изградбата на гасоводната делница во Клечовце, а беше избрана директно од изведувачот, односно другата руската компанија Стројтрансгас. Изборот на руските компании беше направен без тендер, во директна спогодба ,меѓу владите на Македонија и Русија. Потоа руските компании сами си ги бираа домашните компании со кои соработуваа на проектот.

Интересно е дека изградбата на гасоводна делница чинеше 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони долари се пари од клириншкиот долг, а 15 милиони долари се од буџетот на Македонија. Што значи декка земјава учествуваше со 20 отсто во финансирањето на проектот.  

При тоа, надлежните институции објаснуваа дека парите од буџетот на русите им се префрлаат откако рускиот изведувач ќе достави фактура за завршена работа до надлежните институции, тогаш тие му враќаат 20% од сумата на фактурите. При тоа, тврдеа дека државата на овој начин, практично, на изведувачот му ја враќа сумата што претходно тој ја има уплатено за ДДВ и царина.

Сега пак долговите што Севергазстројмонтаж ги има кој државата и тоа за неплатен ДДВ и данок на добивка, отвораат многу прашања за овој поект што од самиот старт наиде на огромен број контроверзи, кои не запираат ниту по неговата завршница.  

Наташа Стојановска

Слично

Поврзани вести