Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ НА УДАР: Рекорден број на сајбер напади врз финансискиот сектор

РУСИТЕ НА УДАР: Рекорден број на сајбер напади врз финансискиот сектор

Банката на Русија објави дека во март годинава е забележан рекорден број сајбер напади врз рускиот финансиски сектор, изјави денеска заменик-гувернерот на Банката на Русија, Герман Зубарев.

- За жал, обемот и зголемувањето на сајбер нападите е голем и значаен. Од февруари, бројот на напади врз финансиски институции е зголемен и до 20 пати. Во март годинава имало над 370 напади, додека во март минатата година имало помалку од 30 - рече Зубарев, пренесува ТАС С.

Според него, рускиот регулатор започнува серија сајбер вежби.

- Ќе започнеме нова серија сајбер вежби и сакаме да ги модернизираме сценаријата за напад. Ќе ги искористиме сценаријата на реални сајбер напади со кои моментално се соочуваат финансиските организации – рече Зубарев.


Слично

Поврзани вести