РУСИТЕ НА МАКА: Трошоците за живот пораснаа за 14 отсто
Скокнаа трошоците за живот во Русија и тоа за 14 отсто.
Земјата поради западните санкции се соочува со инфлација. Цените на некои основни производи за домаќинството, како што е шеќерот, во последната недела се зголемиле за 14 отсто. Се очекува дека инфлацијата ќе продолжи да расте. Вредноста на руската валута рубљата од почетокот на годината се намали за 22 отсто.
Руското Министерство за економија објави дека годишната инфлација скокнала на 14,5 отсто во неделата што заврши на 18-ти март, што е највисоко ниво од крајот на 2015-та година.
Сојузниот завод за статистика објави дека цената на шеќерот пораснала и до 37,1 отсто во некои региони во земјата, со просечен пораст од 14 отсто.
Втор најголем пораст на цените има кај кромидот, кој на национално ниво порасна за 13,7 отсто и во одредени области и до 40,4 отсто. Во меѓувреме, пелените за бебиња поскапеа за 4,4 отсто. Цената на црниот чај поскапе за 4 отсто, а на тоалетната хартија за 3 отсто. Претходно, се споменуваше дека поради санкциите Русија може да банкротира во април.
