Русите масовно купуваат домови во оваа земја на Балканот
Купувањето домови од страна на Русите во Турција се зголеми
за 199 отсто во последните 9 месеци, објави БГНЕС.
Руските инвестиции во станбена изградба во Турција се зголемени за 199 отсто во првите девет месеци од годината во споредба со истиот период во 2021 година, покажаа официјалните податоци.
Руските граѓани купиле околу 9.315 домови во периодот јануари-септември, што се наведува како една од последиците на руско-украинската војна.
Вкупниот број на продажби на домови на странци низ целата земја се зголеми за 32,5% на годишно ниво во периодот јануари-септември на 49.644, според Турскиот статистички институт (TurkStat).
Во првите девет месеци од годината, провинција со најмногу продажби на домови е Истанбул со 19.594 домови. Приближно 40 од секои 100 продадени куќи на странци низ земјава се реализирани во метрополата.
По Истанбул следуваат медитеранскиот град Анталија со 14.656 единици, јужен Мерсин со 2.596 домови, главниот град Анкара со 2.295 единици и северозападна Бурса со 1.532 живеалишта.
Западен Измир и црноморските провинции Самсун и Трабзон се исто така во првите 10. Од март, има брз пораст на бројот на домови што ги купиле и руските и украинските граѓани.
Во првите девет месеци од минатата година Русите купиле 3.115 домови. Бројот на домови купени од Украинците исто така се зголемиl за 125% на 1.775.
