РУСИТЕ ЌЕ ИМ СУДАТ НА СТРАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ КАКО НА МАСОВНИ УБИЈЦИ: Хрватскиот воен аналитичар Игор Табак детално во РТЛ
Хрватскиот воен
аналитичар Игор Табак за РТЛ Данас ја коментираше ситуацијата во Украина и
изгледите за враќање дома на хрватскиот државјанин Вјекослав Пребег, хрватски
државјанин кој се борел на страната на Украинците кога бил заробен од руските
сили.
- Факт е дека во Украина има многу странски доброволци, но факт е и дека Русите беа многу огорчени од тоа заради што се заканија дека нема да го признаат статусот на воени заробеници на сите такви затвореници. Таквите доброволци ги сметаат за платеници и странци и не им е грижа дали имале некаков чин во украинската армија - тврди Табак.
-Тоа е нивната порака дека нема да ја почитуваат Женевската конвенција. И ќе им се суди како на масовни убијци. Ќе им се суди според се, но не според нормалниот закон на војна - вели воениот аналитичар и додава дека не може многу да се заклучи од видеото што го објави РТ.
- Факт е дека повеќето од доброволците кои ја напуштија Хрватска всушност се приклучија на редовите на полкот АЗОВ. Таа војска се одвои и еден дел остана на околу 100 километри од Мариупол на источниот фронт - вели воениот аналитичар.
Зборувајќи за ситуацијата во пресрет на Денот на победата, тој се согласува дека победата во Мариупол би била многу важна за Русите.
