Русите ќе ги забранат продажбата, копањето и циркулацијата на криптовалутите
Русија планира целосно да ги забрани криптовалутите. На овој начин Русите скааат да ја заштитат својата економија. Централната банка тврди дека „статусот на руската рубља, која не е резервна валута, не ѝ дозволува на Русија да заземе мек пристап или да ги игнорира растечките ризици“.
Продажбата, копањето и циркулацијата на криптовалутите ќе бидат забранети. Девет држави, меѓу кои и Кина, целосно ги забранија криптовалутите, а други 42 земји воведоа ограничувања што ја отежнуваат употребата на критовалутите. Бројот на земјите што ги забранија криптовалутите е повеќе од двојно зголемен во однос на 2018 година. Во Ел Салвадор биткоинот има широка примена.
Слично
