Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите ќе ги погоди инфлација каква немале од 1999 година

Русите ќе ги погоди инфлација каква немале од 1999 година

Висока инфлација ја очекува Русија. 

Таа  на крајот од 2022 година би можела да достигне 20 отсто, тврди челникот на руската комора на сметководители Алексеј Кудрин. 

Анкета направена со аналитичарите во март покажа дека годишната инфлација во декември годинава ќе биде 20 отсто, следната 2023-та осум, а во 2024-та ќе забави на 4,8 отсто.

Руската државна статистичка агенција Росстат, објави дека инфлацијата во Русија во март на месечно ниво на месечно ниво забрзала на 7,61 отсто и е највисоката од 1999 година кога изнесувала 8,38 отсто. 

Економски последици од војната ќе трпат и Русија и Украина. Трошоците за живот веќе скокнаа во Русија. Западот наметна санкции за Русија поради инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести