Русите ќе можат да прогласат личен стечај, ако немаат пари да си ги платат долговите
Русија воведува личен банкрот за сите лица кои не можат навреме да ги подмират своите обврски.
Милион Руси кои не можат да ги подмират долговите, од овој месец ќе можат да прогласат личен банкрот.
Идејата е да им се олесни финансиската ситуација на луѓето кои не можат да сврзат крај со крај, преку закон кој ќе ги заштити и банките и должниците.
Сепак постои ризик дека, со оваа мера ќе се предизвика голем број на луѓе да прогласуваат личен банкрот, а со тоа ќе се оптовари законскиот систем и ќе се оштетат банките.
Новиот закон овозможува личен стечај на Русите со долг над 500 000 рубљи или над 6 8000 евра и оние кои веќе три месеци не се во состојба да ги исплатат обврските.
Слично
