Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИТЕ ЈА НАМАЛУВААТ ЦЕНАТА НА ГАСОТ: Гаспром почнува да ги полни складиштата со горивото во Европа од почетокот на ноември

РУСИТЕ ЈА НАМАЛУВААТ ЦЕНАТА НА ГАСОТ: Гаспром почнува да ги полни складиштата со горивото во Европа од почетокот на ноември

Кога ќе заврши полнењето на складиштето за гас во Русија на 8 ноември, „Гаспром“ ќе ги зголеми испораките на горивото за Германија и Австрија. Раководството на рускиот гасен гигант на тој начин ќе ја исполни наредбата на претседателот Владимир Путин, кој во текот на оваа недела инсистираше на зголемување на количината на гас во складиштата на Гаспром во Европа.

Ова зголемено снабдување со гас во Западна Европа се очекува да доведе до побрз пад на цените. Во четвртокот во центарот на Ротердам цената на гасот за илјада кубни метри изнесуваше 930 долари. Аналитичарите за гас предвидуваат дека гасот кога се полнат залихите во Европа може да чини помеѓу 300 и 400 долари за илјада кубни метри. Рускиот претседател Путин смета дека таква цена би им одговарала и на руските производители на гас, бидејќи благодарение на долгорочните договори, на кои инсистира „Гаспром“, би можеле да планираат инвестиции во нови гасни проекти.

Еден од сопствениците на руската гасна компанија „Новатек“, Леонид Микелсон, предвидува дека брзиот пад на цената на гасот во Европа ќе има дури во 2022 година. Но, и по завршувањето на зимата, цената на гасот нема да падне на многу ниско ниво како што беше во 2020 година.


Слично

Поврзани вести