Русите ги нема, хотелите им зјаат празни
Руските туристи ја одбегнуваат Црна Гора и тоа не е „политичко подметнување“ на опозицијата во земјата, туку е реалност.
На јужен Јадран големите хотели во јули се 30% потполнети.
Ова е резултат на тоа што руските власти ги повикаа граѓаните да не одат во оваа земја и тие го послушаа апелот.
Причина за одлив се политичките несогласувања меѓу Русија и Црна Гора.
Русија се лути затоа што Подгорица им воведе санкции, заради влезот на НАТО и други потези.
Луѓето кои се занимаваат со туризам велат дека земјата не треба да се остави само на еден пазар од каде доаѓаат 50% од гостите.
Угостителите се жалат затоа што потрошувачката е слаба. Гости има од Украина, но не трошат многу.
Слично
