Русите даваат приоритет на купување домашни производи?
Санкциите им предизвикуваат проблеми на руските увозници во однос на плаќањата и логистиката, а послабата домашна побарувачка влијае врз нив, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Руската централна банка.
Обемот на увоз во периодот од 2025 до 2026 година нема да се промени значително во споредба со 2024 година, проценија 11.600 руски компании во анкета спроведена за извештајот за состојбата на регионалната економија.
„Растот (увозот) ќе продолжи да биде ограничен од постепеното слабеење на домашната побарувачка и ограничувањата на надворешната трговија и проблемите во логистиката и плаќањата што тие ги носат“, се наведува во извештајот, пренесува tportal.
Обемот на увоз стагнира, но неговата вредност расте поради повисоките цени во светот и зајакнувањето на рубљата, објаснува централната банка. Складиштата се преоптоварени со некои видови готови производи.
Дел од испитаниците во анкетата споменаа дека се свртеле кон резервни делови произведени во Русија. Побарувачката за домашна опрема беше стимулирана од промената во системот за јавни набавки што им дава приоритет на руските производи, се наведува во извештајот.
Увозниците сè уште имаат проблеми со логистиката и плаќањето, но условите за увоз на опрема се малку подобрени во споредба со 2024 година, според проценката на голем број компании.
Испитаниците изјавија дека сега можат директно да плаќаат на странски добавувачи, но и дека производите нарачани од Азија пристигнуваат многу побрзо, според извештајот на централната банка.
foto EPA-EFE/YURI KOCHETKOV
