Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија засега не планира да ѝ даде финансиска помош на Грција

Русија засега не планира да ѝ даде финансиска помош на Грција
Рускиот заменик – министер за финансии Сергеј Сторчак, изјави дека Русија во моментов  нема намера да ѝ даде финансиска помош на Грција. Според грчите медиуми тој рекол дека во буџетот на Русија за оваа година, не се предвидени средства за оваа намена. Пред тоа пак, како што јавуваат од МИА , рускиот министер за финансии Антон Силуанов, изјави дека тоа прашање ќе го разгледаат, доколку им е испратено барање до руската влада. - Можеме да замислиме ситуација дека ако такво барање биде испратено до Владата на Русија, ние задолжително ќе го разгледаме, но ќе ги земеме предвид сите фактори кои влијаат на нашите билатерални односи меѓу Русија и Грција. Тоа е се што можам да кажам, изјави Силуанов.
Слично

Поврзани вести