Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија за доброто на Европа го препорачува својот евтин природен гас

Русија за доброто на Европа го препорачува својот евтин природен гас

Русија ја предупредува Европа дека во наредниот период ќе се зголеми побарувачката за гас кој ќе биде во недостиг за европските држави доколку се одлучат да се преориентираат целосно или во голема мера кон американските сојузници од кои купуваат течен гас. Тоа ќе биде многу поскапо и Европа доколку не се соработува со руските нафтени компании меѓу кои и Газпром ќе се соочи со високи цени и недоволна снабденост.

Ова го предупреди заменик-извршниот директор на рускиот концерн, Александар Медведев, во интервју за „Дојче веле“ .

„Европа целосно неправилно пресмета дека нема да ѝ бидат потребни дополнителни количества гас, а ако има потреба, таа ќе го компензира недостигот со снабдување надвор од Русија“, изјави Медведев.

Според неговите зборови, побарувачката на гас во Европа се зголемува, а што се однесува до снабдувањето со гас од Соединетите Американски Држави, според Медведев, тие ќе останат ограничени, скапи и претежно пазарно ориентирани во Азија.

Заменик-генералниот извршен директор на „Газпром“ истакна дека уделот на рускиот гас во Европа во моментот е во пораст и може да достигне 40 проценти.

„Многу сериозни аналитичари развија модел кој покажува дека Европа набргу ќе се соочи со огромен недостиг на гас, а уште полошо – со нагло зголемување на цената на ова гориво“, предупреди Медведев.


Слично

Поврзани вести