РУСИЈА vs ЕУ: Пресврт-кој кого изигра сега?
Пресврт-ЕУ објави дека веќе нема правна основа да ја блокира изградбата на Северен тек два.
Брисел сега сака да преговара само за безбедноста со Москва.
Европската унија, да потсетиме, се обиде да ја осуети изградбата на тој гасовод, посебно по притисокот од Полска и балтичките земји.
Се работи за гасовод кој би требало да ги зголеми двојно испораките на руски гас кон Европа. Прашањето е уште дали Украина целосно ќе биде исклучена од овој проект.
Вилстрит зурнал сега пишува дека имал увид во документот на ЕК во кој таа наведува дека немала основа да го запре гасоводот.
„Ние не го сакаме Северен тек 2 политички“, рекла Ана Кајса Итконен, портпарол на ЕК од енергетика.
„Меѓутоа, не постојат законски основи со кои Комисијата би можела да го спречи Северен тек 2, бидејќи правилата на ЕУ не се однесуват на овој дел од гасоводот“, додала таа.
Против проширувањето на постоечкиот руски гасовод на дното на Балтичкото море во ЕУ протестираат најмногу Полска и Словачка чии територии на новата испорака на руски гас ги заобиколуват, а Словачка пресмета дека годишно ќе губи стотина милиони евра на транзит на руски гас на Западот преку Украина и Словачка.
