Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија воведува фиксна цена под која нема да продава нафта?

Русија воведува фиксна цена под која нема да продава нафта?

Русија размислува да постави цена под која нема да продава нафта како одговор на ценовните ограничувања на руската нафта наметнати од земјите на ЕУ, Г7 и Австралија.

Москва размислува или да воведе фиксна цена за барел руска нафта или да воведе максимални попусти на меѓународниот пазар на кој може да се продава руската нафта, објави денеска Блумберг, цитирајќи двајца функционери запознаени со планот.

Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел, наметнато од ЕУ, Г7 и Австралија, стапи на сила во понеделникот.

Западот се обидува да ја ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина, но Русија изјави дека нема да се придржува до ограничувањето на цената на нафтата, дури и ако мора да го намали производството, објави Ројтерс.


Слично

Поврзани вести