Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија трупа златни резерви

Русија трупа златни резерви
Русија потрошила најмногу средства за зголемување на златните резерви од 1998 година, кога земјата западна во обврските по нејзиниот локален долг. На овој начин вкупниот обем резерви од жолт метал на федерацијата го достигна своето највисоко ниво во последните најмалку две децении. Во првите девет месеци на 2014 година земјата ги рашири резервите со 37,2 метрички тони до вкупно 1 149,8 тони според податоците на Меѓународниот монетарен фонд. Растот се проценува на околу 1,5 милијарди долари - најголемата сума од ноември 1998 година и повеќе од потрошените од Швајцарија и Кина, кои се другите две водечки земји во рангирањето. Слабеењето на рубљата на позадината на девизните интервенции продолжува да ги подгрева шпекулациите дека Руската централна банка ќе го забрза преминот кон слободен курс на паричното средство. Кремљ беше принуден да потроши голем дел од девизните резерви поради санкциите од Запад и падот на цените на нафтата. "Од гледна точка на власта, која е загрижена за аспектите на геополитичкиот ризик, има логика за склоноста кон физичко злато", изјави Брајан Луси, професор по финансии во Trinity College во Даблин и поранешен економист на Централната банка на Ирска. Според него, интересот на Русија кон жолт метал ќе се засилува уште повеќе ако цената продолжи да опаѓа. Централната банка на Русија потроши 65 милијарди долари оваа година, за да се забави поевтинувањето на рубљата поради кризата околу Украина, која ги влоши односите на Москва со Запад. Сметано на 17 октомври, девизните резерви на најголемиот извозник на енергија во светот достигнуваат речиси 460 милијарди долари. Русија добила 248,8 тони злато минатата година, рангирајќи се на третото место меѓу светските производители по Кина и Австралија според GFMS - истражувачки единици на Thomson Reuters Corp. Жолтиот метал претставува околу 10 проценти од вкупните резерви на земјата според компанијата. За споредба во САД и Германија нивоата се околу 70 проценти. K.K.
Слично

Поврзани вести