Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија стана втор најголем извозник во Индија

Русија стана втор најголем извозник во Индија

Во првиот квартал од 2023 година Русија извезла стока во вредност од 15,5 милијарди долари во Индија и со тоа станал втор најголем снабдувач на таа земја, покажуваат податоците на Министерството за трговија и индустрија на јужноазиската земја.

Според статистиката на одделот, извозот од Русија во Индија од јануари до март годинава е зголемен за 4,7 пати во споредба со истиот период минатата година. Извозот достигна вредност од 15,5 милијарди долари, што е највисок квартален показател во историјата.

Главниот снабдувач на стоки за Индија останува Кина. Сепак, извозот во првиот квартал од оваа година е намален за 15,4 отсто - на 22,6 милијарди долари. На трето место меѓу главните извозници во Индија се Обединетите Арапски Емирати (12,7 милијарди долари), а на четврто се Соединетите Американски Држави, чиј увоз во Индија е намален за 8,8 отсто на годишно ниво.

На петто место е Саудиска Арабија, која исто така го намали увозот за 10,9 отсто во однос на минатата година, пренесува Спутник. Од друга страна, извозот од Индија во Русија е зголемен за 33 отсто и достигна вредност од 946,6 милиони долари, додека трговскиот промет меѓу двете земји е зголемен за 4,1 пати – на 16,45 милијарди долари.


Слично

Поврзани вести