РУСИЈА СО ОСТРИ САНКЦИИ: Еве што сe ѝ забранува на Турција
Откако Турција собори руски воен авион, во кој загина еден пилот, Русија воведува остра политика на изолација.
Најпрво кон Турција го укинат безвизниот режим. Набрзо потоа Русија започна и економска војна, воведувајќи низа услови за узвоз.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска го потпиша декретот со кој земјата воведува низа санкции за производи како домати, лук, краставици, карфиол, јаболка, круши, грозје, кајсии, праски, сливи и јагоди, како и поединечни месни производи.
Со декретот се забрануваат и чартер летови кон Турција, а се предвидува и зајакнување на безбедносните мерки на редовните авиолинии. Овие мерки стапуваат во сила од први jануари.
Инаку, рускиот претседател Владимир Путин неколку пати се изјасна дека не сака да се сретне со неговиот колега Речеп Таип Ердоган, кој последен пат го одби вчера кога не прифати да разговараат по телефон.
