Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА СЕ ОГЛАСИ: Нападот на амбасадорот е терористички чин

РУСИЈА СЕ ОГЛАСИ: Нападот на амбасадорот е терористички чин

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти денес дека вооружениот напад на рускиот амбасадор во Анкара претставува „терористички чин“ и најавил дека денес тоа прашање ќе го изнесат во Советот на безбедност на ОН.


„Денес во Анкара, како резултат на нападот, рускиот амбасасор во Турција Андреј Карлов се здобил со повреди од кои починал . Тоа што се случило го нарекуваме терористички акт“, рекла во телевизиска изјава портпаролката на руското министерство Марија Захарова, пренесе АФП.

Захарова додала дека тоа прашање ќе биде покренато денес со членките на Советот за безбедност на ОН.

„Нема место за тероризам и ние одлучно ќе се бориме против тоа“, истакнала таа.


Амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов е застрелан денес додека држел говорел на отворањето на изложбата за фотографии „Русија во очите на Турција“ во позната галерија во Анкара.


Набрзо по нападот им подлегнал на последиците од пукањето во болница, а во нападот се повредени уште три лица од кои ниту еден не е руски државјанин.

Убиецот бил припадник на полициските сили и имал 22 години. Тој е ликвидиран од страна на полицијата.

Слично

Поврзани вести