Русија сака Црна Гора да спроведе референдум за НАТО
Во Москва се забележува длабоката поделеност во црногорското општество на тема членството на земјата во НАТО и Русија повикува на референдум за ова прашање изјавил официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Според неа, "ситуацијата во Црна Гора не е лесна".
"Станува збор за внатрешно-политичка криза, која е придружена од протести на граѓаните. Тоа значи дека во црногорското општество има длабоки поделби, пред сè за прашањата за членството на републиката во НАТО ", додаде таа.
Захарова исто така изјавила дека референдум би значело "манифестација на демократијата" во земјата.
Слично
