Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија реагира дека Приштина сака да воспостави целосна контрола во Косово

Русија реагира дека Приштина сака да воспостави целосна контрола во Косово

Силите на НАТО во Косово и Мисијата на ЕУ за владеење на правото ги имаат неопходните мандати за да го спречат беззаконието, велат руските власти. 

Формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), замислено како начин да се гарантира почитување на правата и интересите на косовските Срби, останува „мртва буква на хартија“ поради саботажа на Приштина, додаваат од руското МНР. 

„Русија е загрижена поради зголемената тензија во Косово, предизвикана од неодговорните постапки на Приштина“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јави дописникот на МИА од Белград.

Очигледно е дека настаните се развиваат според сценарио од лошо кон полошо, истакна Захарова во коментарот објавен на веб страницата на руското МНР.

Захарова оцени дека Приштина сака да воспостави целосна контрола на територијата на целата провинција, со помош на репресивниот апарат на самопрогласената косовска „држава“.

Русија и претходно бараше да се смират тензиите, и ја обвини Приштина дека врши етничко чистење на Србите. Србите на Косово мораат да земат нови регистарски таблички, и тоа доведе до влошување на односите. 

Слично

Поврзани вести