Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија пронајде нов пазар за својот гас

Русија пронајде нов пазар за својот гас

Најголемиот руски производител на течен природен гас, Новатек, потпиша прелиминарен договор со клиент од Виетнам и е подготвен да почне со испораки во блиска иднина.

Ова го изјави извршниот директор на компанијата, Леонид Михелсон, денеска за руската државна телевизија.

„Новатек“ преговара со клиентите повеќе од пет години, а неодамна беше потпишан прелиминарен договор за испорака со еден од нив, потсетува Ројтерс.

„ПетроВиетнам Гас“ беше во преговори со „Новатек“.

Рускиот претседател Владимир Путин овој месец предупреди дека Русија може веднаш да ги прекине испораките на гас за Европа и да бара долгорочни договори на други пазари.

Меѓувладиниот договор за изградба на првата нуклеарна централа во Виетнам ќе биде потпишан по завршувањето на денешните разговори, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин за време на средбата со виетнамскиот премиер Фам Мин Чин, пренесува ТАСС.

„Меѓувладиниот договор за изградба на првата нуклеарна централа на територијата на Виетнам ќе биде потпишан по завршувањето на денешните разговори“, рече Мишустин.

Изградбата на нуклеарната централа ќе даде силен поттик за развој на соработката во сродни области - високи технологии, фундаментално и применето истражување.

Слично

Поврзани вести