РУСИЈА ПРИЗНА: Влегуваме во рецесија!
Министерството за економски развој на Русија не ја исклучува можноста таа земја да влезе во рецесија во првото тромесечие на 2015 година.
Истовремено, во другата половина на годината се очекува прсврт во правец на растот, рекол заменик министерот за економски развој Алексеј Веџев.
Според неговите зборови, во четвртото тромесечие на 2014 година, растот на БДП ќе биде нула, или ќе биде во благо опаѓање, пренесува руската агенција Тас.
“Во првото тромесечие на наредната година очекуваме пад на БДП, пред се поради намалување на потрошувачката“, рекол Веџев на пресот за новинари.
Тој додал, дека во четвртото тромесечие динамиката на БДП исчистена од сезонските фактори може да остане во позитивна зона. Министерството смета дека оваа година може да се избегне рецесија.
Веџев се сложил со прогнозата дека во средината на 2015 година руската економија ќе го допре дното и „ќе отфрли се“. Можно е наредната година да биде пресвртница и да стане најниска точка на бизнис циклусот, изјавено е на пресот.
Министерството за економски развој значително ја измени прогнозата на економските движења во 2015 година. Според најновата прогноза, БДП наредната година ќе падне на 0,8 одсто, додека неодамна е прогнозиран раст од 1,2 одсто. Таквата динамика, според Виџев, е условена од продолживање на санкциите и неодлучноста на инвеситорите. Меѓутоа, министерството за оваа година ја зголемило прогнозата на растот на 0,6 одсто во однос на претходната проценка од 0,5 одсто.
Министерството ја изменило прогнозата на курсот на рубљата кон доларот на 37,4 рубљи во 2014 и 49 рубљи во 2015 година.
„Остриот пад на цената на нафтата доведе до пад на курсот на рубљата и зголемување на одливот на капитал. Оваа година очекуваме одлив за 125 милијарди долари, а за 2015 година проценката е зголемена од 50 милијарди на 90 милијарди долари“, прецизирал Веџев.
Претходно министерството прогнозирало курс на доларот во 2015, на ниво 37,7 рубљи, а во 2014 на 35,7 рубљи.
„Реално, ефектниот курс на рубљата ќе ослабне оваа година на 6,8 одсто, а во 2015 - 13,5 одсто“, додал Веџев.
Министерството за економски развој очекува корекција на цената на нафтата во средината на 2015 година на ниво од 85 до 95 долари за барел, рекол министерот . Дотогаш според него и курсот на рубљата може да се стабилизира.
