РУСИЈА ПРЕД ЕКОНОМСКИ КОЛАПС: Како ќе се спаси Путин од економските проблеми?
Наглото паѓање на цената на нафтата ја доведе Русија на работ на економска пропаст. Кремљ предупреди на сериозна криза која земјата ја очекува следната година и најави влез на економијата во техничка ресцесија во првиот квартал.
Годината лошо започна за Русија, откако украинската криза го достигна врвот, предизвикувајќи бегство на капиталот и тешки економски санкции. Сега падот на цената на нафтата (за 45 одсто од јуни) стана главен предизвикател ба руските проблеми. „Знаејќи дека нафтата и гасот сочинуваат 67 одсто од рускиот извоз и 50 одсто приходи во сојузниот буџет, цените на нафтата покренуваат економски циклус во државата“, рекол Џејкоб Нејл од финансиската корпорација „Morgan Stenli“.
Русија до неодамна губеше околу 40 милијарди долари годишно поради санкции и дури 100 милијарди поради цената на нафтата, сооптил рускиот министер за финансии Антон Силуанов. Руската рубља ито така ја изгубила вредноста, што низ зголемувањето на инфалцијата ја почуствувале многу руски потрошувачи. Богатите Руси нашле начин да ја заобиколат комбинацијата на падот на вредноста на валутата и растот на инфлацијата, која, според проценките на руската централна банка, до крајот на годината ќе достигне и 10 одсто.
Додека вкупната продажба на возила во ноември падна за 1,1 одсто во однос на истиот период минатата година, побарувачката за луксузни автомобили нагло порасна, говорат податоците на Европската бизнис асоцијација (ЕБА). Продажбата на автомобили марка „порше“ и „лексуз“ се зголемила за 55, односно 63 одсто, бидејќи руската елита инвестирањето во возила го гледа како начин да го сочува своето богатство. Се очекува санкциите да останат на сила, а можеби ќе бидат и проширени доколку не се реши политичката состојба во Украина.
Кога се расправало за воведувањето на првите санкции, цената на нафтата изнесувала околу 110 долари по барел. Високите трошоци на електричната енергија им оставиле на европските држави малку простор за маневрирање, бидејќи строгите санкции на Русија би можеле да го поттикнат Кремљ да ја запре испораката. Последните денови, меѓутоа, цената на нафтата изнесува околу 60 долари, а падот на 50 долари би довел до уште поголем пад на вредноста на рубљата. Според таквото сценариот, инфлацијата би пораснала за шест до осум процентни поени, проценува „Morgan Stenli“.
Минатата недела Руската централна банка ги зголемила и каматните стапки за уште еден процентен поен - на 10,5 одсто - во настојувањето да го ограничи одливот на капитал. Сепак, се стекнува впечаток дека нема арсенал на инструменти со кои би можела да се избори со растот на инфлацијата и економскиот пад. Претседателот Путин вечќе ветил дека ги превзеде „остри“ мерки против дилерите на девизи кои ги смета за одговорни за падот на вредноста на рубљата. Истовремено, тој најавил општ данок на репатријација на капитал и замрзнување на корпоративните даночни стапки во текот на следните четири години. Аналитичарите, меѓутоа, не очекуваат дека овие мерки ќе имаат посебен ефект. За некои контролата на капиталот е неизбежен следен чекор во настојувањето да се запре одливот, кој според очекувањата на Руската централна банка, оваа година ќе достигне 128 милијарди долари, а следната година 120 милијарди долари. Ларис Кристенсен од Данската банка вели:
„Изгледа дека Централната банка во овој момент е против ваквата контрола, но некои советници од Кремљ познати се како заговорници на ваквите драконски мерки“. Кога се воведат еднаш, таквите контроли ќе биде тешко да се укинат - Исланд, на пример, уште не ги укинал контролите кои се воведени во текот на финансиската криза. Доколку Путин биде приморан на ваков чекор, тоа ќе биде последниот можен излез.
И.Р
