Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија потврди дека нивното злато се наоѓа во трезорите на Централната банка

Русија потврди дека нивното злато се наоѓа во трезорите на Централната банка

Руското злато е во Русија. Ова го тврди Централната банка на Русија која објави дека целото злато во девизните резерви на земјата е во Русија.

Од нив околу половина резерви се замрзнати. 

„Да се ​​држат резервите целосно во земјата значи без резерви и без заштита од надворешни кризи. Нашата земја вака се однесуваше во периодот 1992-1999 година и стана ранлива на надворешни закани“, стои во соопштението. 

Наведувајќи дека во економски кризи на Русија и се потребни резерви на валутите на земјите со кои тргува, во соопштението се вели дека во кризи предизвикани од геополитички причини, потребни ви се резерви кои нема да бидат засегнати од санкциите на западните земји. 

„Поради оваа причина, го зголемивме вкупниот удел на злато и јуани во резервите на речиси 50 проценти“, додаваат од банката. 

Исплатите на долговите на руските компании и државните долгови кон доверителите од земјите кои поддржуваат санкции против Русија ќе се вршат само со дозвола на владата.

Откако ја почна инвазијата на Украина, Русија е под санкции. Веќе еден месец Русите војуваат во Украина. Рубљата доживеа голем пад откако почна војната. 

Во земјава има висока инфлација и трошоците за живот растат. 

Слично

Поврзани вести