Русија: Подготвени сме да ја снабдуваме ЕУ со гас, но само ако ни останат вишоци
Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас до Европската Унија „доколку има преостанати количини по испораките на алтернативни пазари“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како што објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Сепак, Песков рече дека Европа ќе најде начин да купува гас дури и ако Русија не го испорачува, објави Ројтерс.
Советот на Европската Унија (ЕУ) на почетокот од годината ја усвои Регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас и течен природен гас (ЛНГ) во ЕУ, која воедно вклучува и мерки за ефикасно следење на оваа забрана и за диверзификација во снабдувањето со енергија.
Актот ќе стапи на сила од 2027.
Слично
