Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија почнува да користи биткоин за меѓународни плаќања

Русија почнува да користи биткоин за меѓународни плаќања


Руските компании почнаа да користат биткоин и други дигитални средства во меѓународните плаќања, јавува Анадолија.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов за каналот „Россија 24“ изјави дека биткоините ископани во Русија може да се користат во експериментален процес за меѓународни плаќања и дека практиката е веќе започната. Според него, овој начин на плаќање треба да се развие и прошири.

Иако нема ограничувања за купување криптовалути во Русија, нивната употреба како начин на плаќање во земјата е забранета.

Уредбата, потпишана од рускиот претседател Владимир Путин на 8 август, ја легализираше експерименталната употреба на криптовалутите во меѓународните плаќања и трансакциите со Forex.

Оваа практика е иницирана во време кога Русија се соочува со бројни санкции и ограничувања поради војната во Украина.


Слично

Поврзани вести