Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија почна да вади гас од Арктикот

Русија почна да вади гас од Арктикот
Русија почна експлоатација на големо наоѓалиште на гас на Арктикот. Ова е еден од најважните проекти на „Газпром“ чие производство се потпира на големите наоѓалишта во западен Сибир, кои со години белажат пад. Станува збор за големото наоѓалиште на природен гас во Бованенској на полуостровот Јамал на Арктикот, како едно од „најнегостољубивите“ подрачја во свето. Транспоротот ќе се одвива преку гасоводот Бованенсково-Ухта, се наведува во соопштението на компанијата.
Наоѓалиштето е откриено во 1971 година. Има 4.900 милијарди квадратни метри гас под пермафростот, што го прави едно од најтешките за експлоатација во целиот свет. Претседателот на управата на „Газпром“ Алексеј Милер изјави дека следната година од наоѓалиштето ќе се извлечат 46 милијарди квадратни метри гас, а производството во 2017 година треба да достигне 115 милијарди годишно.
Слично

Поврзани вести