Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија одвои три милијарди долари за Украина, а најавува и за 30% поевтин гас

Русија одвои три милијарди долари за Украина, а најавува и за 30% поевтин гас
Три милијарди долари е сумата која Русија ќе и ја даде на Украина, а со цел земјата да се избави од повеќегодишната криза. Парите се дел од рускиот план кој треба да ја спаси оваа држава, но тие се само мал дел од ветеното. Оваа сума треба да стигне на украинска сметка до утре, јавија тамошните медиуми. Русија се договори финансиски да помогне на Украина по посетата на претседателот Виктор Јанукович на Москва, кога било посочено дека Украина е во сериозна рецесија. Според планот, целата помош е тешка 15 милијарди долари, а парите ќе бидат дадени за надоместување на украинскиот јавен долг. Освен во пари, Русија најави дека догодина ќе го поевтини гасот за 30%. Украина ја тресеа големи протести кога политичкиот врв одлучи да сврти нова страница , односно наместо приближување кон Европската Унија, се сврте кон Русја. Опозицијата е мобилизирана од почетокот на месецот со цел да ја разубеди власта од економското приближување кон Москва. Украина станува заложник на Русија, коментираат демонстрантите на чело со опозициските лидери.
Слично

Поврзани вести