Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија: Ниските цени на нафтата ќе ги „ошишаат“ инвестициите!

Русија: Ниските цени на нафтата ќе ги „ошишаат“ инвестициите!

Потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворковиќ вели дека цените на нафтата ќе доведат до кратење на инвестиците во Русија и дека би можеле да предизвикаат намалување на производството на нафта.

Сепак, како што истакнал, државата нема да интервенира за да го урамнотежи пазарот, јавува Ројтерс.

„Корекции на инвестициите се неизбежни во услови на исклучително ниски цени на нафтата, што на крај ќе резултира со намалување на производството. Тоа нема да биде акција која е во фокус на владата. Пазарот во суштина сам се регулира и сам прилагодува, но тоа ќе доведе до стабилизација на цените на повисоко ниво од сегашното“, рекол Дворковиќ .

Тој додал и дека нафтениот сектор на Русија е во фокус на приватните компании и дека не е под контрола на државата.

„Поседуваме одреден интересен дел, но пазарот во целост го регулираат одлуките на поедини компании. Така ќе биде и во иднина“, порачал Дворковиќ.

Доколку периодот на ниски цени на „црното злато“ потрае, рускиот пазар, според негова оценка, ќе биде во состојба да се прилагоди на производството и нивото на инвестиции.

Дворковиќ смета дека просечната годишна цена на нафтата од помеѓу 20 до 24 долари за барел не е реална, и дека во оваа година веројатно ќе биде над актуелното ниво пордади намалувањето на глобалното производство.

„Премногу фактори влијаат на пазарот и цените на нафтата се всушност непредвидливи“, рекол Дворковиќ.

Слично

Поврзани вести