Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА НЕМА КАДЕ: За колку ќе го намали производството на нафта по договорот на ОПЕК?

РУСИЈА НЕМА КАДЕ: За колку ќе го намали производството на нафта по договорот на ОПЕК?

Русија е подготвена постепено да го намали своето производство на нафта за најмногу 300 илјади барели дневно во првата половина на 2017 година, како дел од нејзиното учество во договорот со ОПЕК, изјавил рускиот министер за енергетика.

Тој, рекол дека Русија ја поздравува одлуката на ОПЕК и дека очекува другите нечленки на нафтениот картел да се придружат до договорот за намалување на своето кумулативно производство на нафта за останатите 300 000 барели дневно.

Договорот на ОПЕК подразбира намалување на производството на нафта во земјите кои не се членки на овој картел за 600 000 барели дневно.

Министерот не дал било какви наговестувања за тоа од кое ниво на производство Русија е подготвена да го намали пумпањето на нафта.

Руското производство годинава е на пат да оствари нов постсоветски рекорд.

Членките на ОЕПК постигнаа договор за намалување на производството на црното злато прво од 2009 година, од сегашните 33,6 милиони барели дневно на 32,5 милиони барели дневно.

Ирак се согласил да ја намали експлоатацијата на 209.000 барели дневно, додека Иран ќе го ограничи производството на 3,8 милиони барели дневно.

Саудиска Арабија ќе го намали производството на 10,06 милиони барели.

Конечен договор треба да биде постигнат на состанокот на членките на ОПЕК и други извозници кои не се членки на картелот на состанокот планиран на 9 декември во Доха.

Слично

Поврзани вести