Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија не може да произведе нормални јаболки, Путин се чуди зошто тежат по половина килограм

Русија не може да произведе нормални јаболки, Путин се чуди зошто тежат по половина килограм

Русија е позната по тоа што нема погодни услови за производство на јаболки, па во последно време со помош на генетиката сака да ја намали зависноста од „скапиот“ увоз и да се обиде да обезбеди домашен пласман.

Претседателот Владимир Путин неодамна посети плантажа за јаболки од сортата фуџи што се протега на повеќе од 62 хектари, а првите садници се од 2016 година. Поради оваа причина, дрвјата се уште се ниски и даваат по неколку килограми од стебло.

"Како тоа дрвата се мали, а јаболка се огромни", рече Путин. Таквиот принос е последица на генетиката, му објасниле работниците на Путин. Така, некои примероци тежат повеќе од половина килограм:

Русија е најголемиот светски импортер на јаболка, бидејќи локалните сорти се полесно расипливи од оние што растат во Европа или Кина, а потрошувачите често го претпочитаат вкусот на увезените плодови.

Се повеќе и повеќе, Русија "го краде" принципот на „ноу хау“, со цел да го прошири својот земјоделски капацитет. Оваа стратегија им помогна во производството на пченицата и јачменот.


Слично

Поврзани вести