Русија не е во можност да и помогне на Грција
Русија не е во можност да и помогне на Грција околу должничката криза.
Европската унија треба да најде излез сама, изјавил главниот извршен директор на втората по големина руска банка „ВТБ“ Андреј Костин, пренесе „Ројтерс“.
„Тоа е проблем на Европа“, изјавил рускиот банкар во „УФА“, каде утре официјално започнува самитот на „БРИКС“ (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).
„Европа го создаде (проблемот) и треба сама да го решава. Не мислам дека Русија е во позиција да помогне“, додал Костин.
Планот на кредиторите на Грција не издржува никаква критика, а позицијата на Атина е јасна, коментира уште шефот на „ВТБ“, цитиран од агенциите.
Слично
