Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА НЕ ДАВА ГРЕЕЊЕ? Европа може и сама!

РУСИЈА НЕ ДАВА ГРЕЕЊЕ? Европа може и сама!
Земјите од Европската унија (ЕУ) се договорија да доделат 647 милиони евра за поддршка на клучни приоритетни инфраструктурни проекти. Главниот дел од средствата се обезбедуваат за проекти во гасниот сектор во регионот на Балтичкото Море, како и во Источноцентрална и Југоисточна Европа. Финансирањето се обезбедува преку програма на "Поврзана Европа". Се очекува финансираните проекти да ја зголемат енергетската безбедност на Европа и да помогнат за прекин на откинатоста на некои држави од енергетските мрежи на ЕУ. Тие ќе придонесат за завршување на европскиот енергетски пазар и вклучувањето на обновливите извори на енергија кон електроенергетската мрежа. "Го поздравувам денешното решение кое ќе ни помогне да изградиме во кратки рокови инфраструктурата, од која ни е потребно обезбедување на енергетската сигурност на Европа. Геополитичката криза ја нагласи потребата од подобро поврзување на енергетските мрежи. Ова е од клучно значење за поврзан енергетски пазар , на кој корисниците ќе добиваат најдобар квалитет за парите ", изјави еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер. Со поголемиот дел од средствата ќе се финансираат директно или индиректно проекти во секторот за гас. Освен нови гасоводи, по овие проекти ќе се градат и терминали за течен гас (LNG) во регионот на Балтичкото Море, Источноцентрална и Југоисточна Европа. Ќе бидат кофинансирани и иновативни технологии во секторот на електрична енергија. Тие вклучуваат истражување на можноста за создавање на подводен кабел со должина од 700 километри за еднонасочна струја со висок напон меѓу Норвешка и Велика Британија, како и на проектот за интелигентни мрежи по границата на Ирска и Велика Британија (Северна Ирска). Од доделените 34 гранта, 16 се во секторот на природен гас и 18 во секторот на електрична енергија. Од нив пак 28 се за студии за проценки на влијанието врз животната средина (91,4 милиони евра), а 6 гранта се обезбедени за градежни работи (555,9 милиони евра). Некои од проектите беа утврдени во Европската стратегија за енергетска безбедност од 28 мај 2014 година како клучни проекти, поврзани со безбедноста на снабдувањето. Механизмот за поврзување на Европа предвидува финансирање на проекти кои обезбедуваат блиски придобивки надвор од националните граници, не се економски одржливи или не се достапни за корисниците во некои држави од ЕУ. Грантот во рамките на механизмот за поврзување на Европа можат да финансираат до 50 проценти од оправданите трошоци за активности. Сепак, во исклучителни околности, кога дадена акција јасно придонесува за безбедноста на снабдувањето, ја засилува солидарноста меѓу државите од ЕУ или овозможува користење на многу иновативни решенија, механизмот може да покрие до 75 отсто од трошоците за изградба. Предлогот на Европската комисија беше поддржан од страна на Комитетот за координација на механизмот за поврзување на Европа, кој се состои од претставници на земјите од ЕУ. Подоцна оваа година ЕК ќе ја прифати официјално листата на предлозите, кои ќе добијат финансиска поддршка во рамките на механизмот за поврзување на Европа во однос на енергетиката. K.K.
Слично

Поврзани вести