Русија наскоро може да ја доживее судбината на Венецуела
За нешто повеќе од месец дена, Русија може да доживее банкрот.
Се појави прогноза, според која Русија може да банкротира веќе на 15 април. Русија може да ја доживее судбината на Венецуела.
Инвестициската банка Morgan Stanley информира дека падот на цените на обврзниците, зголемената рецесија и воведувањето санкции ја намалуваат веројатноста дека Русија ќе може да го исплати надворешниот долг.
„Веруваме дека најверојатното сценарио е Русија да не може да ги исполни своите обврски“, напиша вчера Симон Вејвер, глобален шеф на кредитна стратегија за пазарите во развој, според Bloomberg.
Руската валута рубљата и натаму тоне.
Русија стана земја со најголем број на правни и физички лица под санкции во светот, надминувајќи го досегашниот лидер Иран. Дел од руските бизнисмени повикаа на прекин на војната.
foto freepik.com
