Русија на Г20 ќе им предложи да прекинат со спас на пропаднатите банки
На состанокот на групата 20 најразвиени земји (Г20) кој ќе се одржи на петти и шести септември Министерството за финансии на Русија ќе предложи да се прекине со спасување на банките на сметка на даночните обврзници.
Во руското министерство оценуваат дека праксата да им помага на „пропаднатите“ банки, од почетокот на финансиската криза пред пет години, повеќе не функционира.
Заменик министерот , Сергеј Сторчак, го критикувал спасувањето на светските финансиски корпорации со помош на даночните обврзници, со објаснување дека тие институции се премногу големи за да пропаднат.
Главниот економист на БНП банката во Москва, Јулија Цевајева, укажува на штетноста од продолжување на таквиот начин на спасување на проблематичните компании во финансиската индустрија. Сега е време тој процес да престане, вели таа.
Можноста за откажување од ваквата практика пораснале по случајот со Кипар, кога спасувањето на нивниот банкарски систем бил направен со пари од вложувачите во банките. Од сметките на депонентите во кипарските банки поголеми од 100.000 еврa, за која државата не гарантира, беа одземени 47,5 отсто, за што добија акции за одземените заштеди.
Ефикасна мерка за поддршка на финансискиот сектор се осигурување на вложувањата, смета рускиот експерт, Владислав Белов, кој додава дека овие мерки од страна на државата се доволни.
