Русија може да започне со директни испораки на енергенси за Грција
Русија има намера да го поддржи заздравувањето на економијата на Грција по патот на проширување на соработката во економската сфера, изјавил денеска пред новинарите министерот за енергетика на Руската Федерација Александар Новак.
„Во овој поглед се истражуваат можностите за директни испораки на енергетски суровини на грчката влада, кои ќе почнат во најблиска иднина“ - изјавил министерот Новак.
Тој појасни дека сега се работи на прашањето и министерството за енергетика се труди да постигне договор за неколку недели.
Слично
