Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија мора оваа година да ги намали јавните расходи!

Русија мора оваа година да ги намали јавните расходи!

Руската влада, соочена со тешката економска криза, предложила денеска намалување на расходите за 10 одсто оваа година, и за уште по пет одсто во наредните две години во сите категории, со исклучок на војската и социјалните давачки.

Руската економија е погодена со падот на на цената на нафтата, падот на вредноста на рубљата и западните санкции поради улогата на Русија во Украина. Се очекува БДП на Русија да падне за четири до пет одсто оваа година што е прв пад од 2009 година.

Рубљата изгубила половина од својата вредност, а агенцијата „Стандард и пур“ го намали кредитниот рејтинг на Русија на „ѓубре“, најниско ниво во повеќе од десет години.

Во план за борбата против кризата објавен на веб-сајтот на владата се наведуваат мерки кои властите ќе ги превземат за да ја поддржат економијата, вклучувајќи и поддршка од преку 3,7 милијарди долари за руските банки и 700 милиони долари за земјоделски субвенции.

Во обраќањето на горниот дом на рускиот парламент, министерот за финансии Антон Силуанов рекол дека владата на очекува дека цената на нафтата ќе се врати на 100 долари за барел и дека Русија и нејзината економија ќе мора да се прилагодат на новите услови.

Спореед планот на владата јавните расходи треба да бидат намалени за 10 одсто оваа година и за пет одсто во 2016 и 2017 година.

Овој план, кој треба да го усвои парламентот, нема да ја погоди војската ниту социјалните давачки кои претставуваат 4,2 односно 5,0 одсто од државните потрошувачки.

Слично

Поврзани вести