Русија мора да докаже дека работи на разоружување
Русија мора да докаже дека работи на разоружување на проруските сили на истокот од Украина, изјави денеска во Париз американскиот државен секретар Џон Кери.
Американскиот претседател Барак Обама синоќа и се закани на Русија со нови санкции ако не превземе „брзи мерки“ за смирување на тензиите во Украина, каде во судирите меѓу проруските бунтовници и украинската војска од април загинаа повеќе од 400 лица.
Западот ја обвинува Русија дека ги наоружува бунтовниците како би ја дестабилизирала Украина која утре треба да потпише споразум за придружување кон Европската Унија.
Слично
