Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА МЕЃУ ПРВИТЕ 10 ЗЕМЈИ СО СУПЕРБОГАТАШИ: Две силни европски економии заостануваат зад неа

РУСИЈА МЕЃУ ПРВИТЕ 10 ЗЕМЈИ СО СУПЕРБОГАТАШИ: Две силни европски економии заостануваат зад неа

Русија е на десеттото место на листата на земји со најголем број од 100+ милионери, односно луѓе чие богатство вреди 100 милиони долари и повеќе, објави во средата РБК њуз, повикувајќи се на заедничка студија на лондонската консултантска фирма Henley & Partners и глобалната разузнавачка агенција New World Wealth.

Според студијата, во светот има 25.490 такви милионери и тие се претежно сопственици на технологија и мултинационални компании, финансиери и наследници на богатството.

Нивниот број е повеќе од двојно зголемен во последните 20 години, пишува RT.

САД се дом на најголем број такви милионери - ги има 9.730 или 38% од вкупниот број. Кина и Индија се на второто и третото место, со 2.021 и 1.132 богаташи. Велика Британија е на четвртото место со 968 поединци, а Германија го затвора кругот на првите пет, со 966 милионери чие богатство вреди најмалку 100 милиони долари.

Швајцарија (808), Јапонија (765), Канада (541) и Австралија (463) исто така се најдоа во топ 10, а Русија е десетта со 435 супербогати жители. Другите големи економии, на пример, Франција (380) и Италија (298), се зад Русија.

Истражувачите предвидуваат дека бројот на супербогати луѓе брзо ќе расте во Азија и Африка во наредните години, што ќе им овозможи да ги надминат САД и Европа до 2032 година. Авторите на студијата, исто така, предвидуваат дека Виетнам и Индија ќе покажат најбрз раст во бројот на луѓе со богатство од повеќе од 100 милиони долари во следната деценија.

Островската држава Маурициус, која наводно стана популарна дестинација за милионерите, би можела да забележи зголемување од 75% на бројот на супербогатите жители до 2032 година. Изгледите се исто така добри за три африкански земји, Руанда, Уганда и Кенија, каде се предвидува дека бројките ќе пораснат за повеќе од 55 проценти. 

ФОТО: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Слично

Поврзани вести