Русија љубомори на гасовод вреден 43 милијарди од Алјаска до Кина
Русите не се задоволни од најавата дека ќе се гради масовен гасовод од Алјаска до Кина кој ќе донесе економска вредност од 43 милијарди американски договори. Најавата за ваква мега инвестиција е дадена по средбите на Трамп со кинескиот претседател Џипинг но, Русите сметаат дека станува збор само за политичка претстава.
Русите имаат големи надежи дека токму тие ќе бидат главните добавувачи на природен гас до Кина при што на слични средби меѓу Путин и Џипинг беа договорени големи и многу значајни проекти вредни десетина милијарди долари, вклучувајќи и достава на енергенси за развој на кинеската економија. Сега Русија се надева дека гасоводот од Алјаска до Кина кој би бил долг околу 1300 километри.
Според економски експерти кои ја поддржуваат Русија договорот повеќе им одговара на политичарите на САД вклучувајќи го и гувернерот на Алјаска Бил Вокер, но не и на компаниите од енергетскиот сектор кои направиле првични проценки според кои проектот не е економски исплатлив.
