Русија ќе забрани испраќање „одредени видови дрва“ до „државите кои извршиле непријателски дејствија“
Како што денеска објави руската Влада, Москва забрани извоз на повеќе од 200 стоки.
Списокот на стоки допрва треба да биде објавен. Земјата ќе забрани испраќање „одредени видови дрва“ до „државите кои извршиле непријателски дејствија“, како и производните стоки од кои Русија зависи од увозот. Указот за забрана на одреден извоз што го потпиша рускиот претседател Владимир Путин важи до крајот на оваа година.
„Списокот вклучува технологија, телекомуникации, медицинска опрема, возила, земјоделски машини, електрична опрема … вклучувајќи железнички вагони и локомотиви, контејнери, турбини, машини за обработка на метал и камен, монитори, проектори, конзоли и панели“, се вели во соопштението.
Руската Влада вели дека оваа мерка е неопходна за да се обезбеди стабилност на рускиот пазар.
Изминативе години трговската размена на Македонија со Русија се зголемува. Лани е регистрирано зголемување од 12, 4 проценти во однос на 2020 година.foto freepik.com
