Русија ќе поддржи отцепување на Република Српска?
Белградскиот весник „Вечерње новости“ пишува дека Москва е подготвена да ја поддржи Република Српска во иницирањето на прашањето за осамостојување од Босна и Херцеговина, пред се во контекст на преговорите за конечното решение за Косово, кои се очекува да бидат интензивирани во текот на септември.
Ваквата порака на претседателот на Република Српска, Милорад Додик би требало да му ја пренесе рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров за време на посетите на Сараево и Бања Лука на 16 и 17 септември.
„Вечерње новости“ тврди дека Москва преку неофицијални канали веќе „им испратила сигнали“ на Белград и на Бања Лука дека со „големо внимение го прифатила цврстиот став“ на Додик, дека ако Косово стане членка на ОН и Република Српска „ќе тргне по патот на осамостојувањето“.
Според „Новости“, решавањето на косовското прашање се очекува да биде централна тема на разговрите Путин – Вучиќ.
Лавров ќе допатува во БиХ само еден ден по средбата на претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, најавена за 15 септемрви во Москва, наведува белградскиот весник.
фото Вечерње новости
