Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе го продолжи рокот за отплата на кредитот на Кипар

Русија ќе го продолжи рокот за отплата на кредитот на Кипар
Кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис потврди дека руската страна се согласи да го продолжи рокот за отплата на кредитот на Кипар. Порано во почетокот на април претседателот на Русија Владимир Путин, изјави за новинарите дека Русија по барање на Европската комисија донела одлука за реконструкција на кредитот на Кипар во износ од 2,5 милијарди евра. На преговори меѓу Русија и Кипар во март беше дискутирано продолжување на рокот за отплата на кредитот со пет години и намалување на каматата од 4,5 отсто на 2,5 отсто, што е еднакво на намалување на 10 отсто од долгот. Во почетокот на неделата повикувајќи се на “тројката“ кредитори, Ројтерс објави дека Русија се согласила да го продолжи рокот за отплата на кредитот за две години.
Слично

Поврзани вести