Русија ќе го легализира биткоинот - Се очекува национална криптовалута
Русија драстично го менува ставот кон употребата на биткоинот во платниот промет, па истиот може да биде легализиран следната година како легитимно средство за плаќање на интернет и различни трговски трансакции.
Во Русија постои голем напредок кон ова прашање, па така министерот за финансии Мојсев кој најпрво се противеше на биткоинот сега вели дека од пресудно значење ќе биде следењето на криптовалутите во сајбер просторот со цел навремено да се откри ако се користат за финансиски измами, криминални трансакции и нелегални активности.
Следен чекор во Русија би бил избор на национална криптовалута и тоа најверојатно биткоинот, но засега оваа идеја сеуште не била предмет на разговори на целата руска влада.
Слично
