Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе ги враќа бизнисите во Либија од времето на Гадафи

Русија ќе ги враќа бизнисите во Либија од времето на Гадафи

Новиот план на руската влада е да се обноват бизнис односите кои претходно биле воспоставни и со години одлично функционирале додека на чело на Либија беше полковникот Гадафи. 

Русија ќе се обиде да ги активира сите потпишани договори за инфраструктурни проекти и економска соработка со надеж дека истите ќе бидат испочитувани од воспоставената власт за национален спас во Триполи. 

Треба да се напомене дека Либија сега не е во војна, но е хаотична држава и постои огромна поделба на секти, посебен дел контролиран од племенските заедници, како и дел каде дивеат џихадистички терористи. Источниот дел од земјата е контролиран од генерал Хафтар кој има поддршка од Арапската лига, како и неформална воена поддршка од армијата, но не е признат од Обединетите нации. 

Гадафи кој владееше со децени можеби не беше идеален за човекови права, но затоа пак со него Либија економски просперираше и беше земја пример на северот на Африка.


Слично

Поврзани вести