Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ПОЛСКА ЛИДЕР, ЧЕТИРИ ЕВРОПИ: Вака ќе изгледа светот за 10 години!

РУСИЈА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ПОЛСКА ЛИДЕР, ЧЕТИРИ ЕВРОПИ: Вака ќе изгледа светот за 10 години!

Меѓународната разузнавачка компанија Стратфор објави нов извештај во кој се изнесени неколку повеќе од интересни предвидувања за тоа како светот би можел да изгледа за 10 години.

Според оваа американска компанија која се занимава со стратешки предвидувања, Русија ќе се распадне. Односно, државата ќе се раздели на помали региони, додека САД ќе бидат одговорни за осигурувања на руски нуклеарни бомби.

Германија ќе се распадне поради европскара криза, а благодарение на таквиот развој на настани Полска ќе порасне и ќе стане еден од европските лидер.

Четири Европи

Според предвидувањата на Стратфор, Германија најмногу ќе ги почуствува последиците на евро кризата, а Полска ќе стане еден од европските лидери.

Ќе постојат четири Европи: скандинавска (на која ќе се и придружи Велика Британија и Ирска), средоземна-која ќе состои од Шпанија, Португалија, Италија и Грција, западна Европа-која ќе ја сочинуваат Германија, Чешка и Австрија, и истична која ќе ги вбројува Унгарија, Словачка, Романија, Бугарија, Полска, Украина, Белорусија, Литванија , Летонија и Естонија.

Турција и САД ќе бидат блсики сојузници, иако на Турција ќе и биде потребна помош Русите да ги држи на сигурно растојание. Ќ постојат 16 мини Кини, па нивниот еконмски раст ќе се забави. Производството ќе мигрира во државите како Мексико и Етиопија, пренесува Бизнис инсајдер.

Кина-Јапонија

Јапонија ќе стане водечка поморска сила во Азија, иако Кина ќе се обиде да контролира тури од кои ќе зависат Јапонците. Јапонците ќе мора да се воздржат во себе и својот напредок, посебно откако САД ќе одбие да им помогне.

Американците имено се помалку ќе се мешаат во меѓународните врски и работи на другиот крај на светот на радост на многумина.

Слично

Поврзани вести