Русија ќе го разгледа барањето на Грција за доделување на помош!
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјавил дека Русија ќе разгледа било какво барање на Грција за доделување на финансиска помош.
„Ако има било какви барања на грчката влада, овие барања секако ќе бидат разгледани“, изјавил Лавров во текот на состанокот со грчкиот колега Никос Коциас, пренесува Франс прес.
Коциас, меѓутоа, навел дека владата во Атина најпрво сака да ги реши должничките проблеми со Европа.
Како што потсетува француската агенција, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос предупредил дека Атина, доколку преговорите со партнерите од еврозоната не даваат резултатите , ќе премине на „план Б“ кој би можел да подразбира барање на помош од Кина, Русија, или САД.
Слично
