Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе ги спасува банките со докапитализација

Русија ќе ги спасува банките со докапитализација
Руската Дума донела закон кој ќе овозможи докапилализација на банките со сума од билион рубљи преку Агенцијата за осигурување на депозити и по пат на државни кредитни обврзници. Законот предвидува при реализација на федералниот буџет за 2014 година со цел за зголемување на капитализацијата на руските банки владата да може да ги користи средствата од Агенцијата за осигурување на депозити во висина од билион рубљи со продажба на федералните обврзници, пренесува „Итар – Тасс“. Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, претставувајќи го предлог законот истакнал дека оваа докапитализација на банките ќе овозможи да се зголеми капиталот во банкарскиот систем за речиси 13 отсто. Ова е согласно на вкупниот негативен ефект што банките го претрпија изминативе неколку дена, нагласил рускиот министер за економија. Претседателот на Ревизорската комисија, Татјана Голикова, нагласи дека докапитализацијата на банките, без оглед на тоа што станува збор за „патични операции“ ќе ги измени основните карактеристики на буџетот. Буџетскиот суфицит наместо 0,4 отсто од бруто домашниот производ, проектиран за време на донесувањето на буџетот, ќе достигне ниво од 0,85 до еден отсто. Доколку банките добијат дополнителен капитал, тоа очигледни ќе влијае на снижување на каматните стапки во реалниот сектор на економијата. Токму поради тоа многу важен момент е изедначувањето и воспоставувањето рамнотежа, со што меѓусебните односи на банките и рускиот економски сектор ќе се стабилизираат, објаснуваат експертите.
Слично

Поврзани вести